ИНТЕГРА: Да се прекине малтретирањето со насилна промена на личната документација

Од:

Државата мора веднаш да го прекине малтретирањето на населението со насилна промена на личната документација.

Логична и разумна одлука би била да се пристапи кон поединечна промена, на денот на истекување на рокот за секој поединечен личен документ.

Второ, логично и разумно е трошоците за постапката да се на товар на државата, оти нејзина е потребата, не и на населението.

Трето, неразумно и нелогично е да се инсистира на принудна промена на личната документација пред претстојните редовни парламентарни избори, догодина 2024.

Многу нелогичности, неразумни одлуки на принуда за административно постапување, кое нема целосна основа со ниту една преземена меѓународна обврска, се безумие на власта.

ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија укажува на хаотичноста на процесот и на последиците кои произлегуваат од принудно постапување на државата во случајот на замена на личните документи. Притоа, цениме дека е потребно замрзнување на процесот и прекин на агонијата на која се изложува населението, се’ до моментот на расчистување со валидноста/штетноста на меѓународните договори кои се земаат како основа, воопшто, а во наведениов случај особено, се наведува во соопштението на ИНТЕГРА-Македонска конзервативна партија.

Би можело да ве интересира

Влада: Нема веќе турканици за вадење пасоши и лични документи

Управните служби и денеска ќе издаваат готови лични документи на граѓаните

Тошковски: Се стабилизира состојбата со издавањето на лични документи, обезбедуваме нови количини на обрасци за лични документи, пунктот Идризово ќе се затвори

(ВИДЕО) Ристовски: Нема уставни измени под ниеден услов, треба да се забетонира македонскиот национален интерес

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ристовски: Нудиме модел на власт која ќе има емпатија и разбирање за маките и страдањата на својот народ

Горан Наумовски

Ристовски со порака до двајцата кандидати за претседател: Да не се осмелат да чепкаат во Уставот, во македонскиот јазик и во државотворноста на Македонците

Предраг Петровиќ