Вчера околу 21.20 часот на во Охрид на улицата „Славеј Планина“, настанала меѓусебна расправија која прераснала во тепачка помеѓу лицата С.Б.(16) и уште еден 14-годишен малолетник двајцата од Охрид од една страна и С.Ш.(16), П.Д.(17) и А.И.(18) сите од Охрид, при што си размениле удари со рацете по главите и телата.
Со тешки телесни повреди се здобил С.Б. на кој му е укажана лекарска помош во Медицински центар Охрид каде е задржан на лекување.