Левица: На обвинителна клупа да се најдат сите инволвирани во случајот со Онкологија

Од:

Се повторува праксата најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај! Во случајот со крадењето на лекови од онкологија, деновиве е актуелно судењето на фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката за Онкологија по основ на земање мито за издавање на терапија.

Спрегата помеѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна!

Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа!

Пациентите сакаат одговорност, блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа