Интересен детаљ ги одбележа моментите по завршувањето на првото полуфинале на УС Опен помеѓу Новак Ѓоковиќ и Бен Шелтон.
Српскиот тенисер победи во три сета, а последниот заврши со тај-брејк. Ѓоковиќ по освојувањето на последниот бод на мечот се реши на несекојдневна прослава.
Тој само го ископира она што претходно го правеше 20-годишниот противник од другата страна на мрежата.
Шелтон по секоја победа на последниот Грен слем сезонава гестикулираше со „спуштање на телефонот“, што сега го направи и Ѓоковиќ.
As if we needed another reason to call Novak Djokovic a legend. #USOpen pic.twitter.com/wZ8nLcaPSF
— Kenny Ducey (@KennyDucey) September 8, 2023
Не е сосема јасно зошто Ѓоковиќ го направи ова. Дали Шелтон со нешто го испровоцира или повеќе беше насочено кон публиката која во одредени моменти претера во поддршката за локалниот тенисер.
Шелтон го виде тоа и слободно може да се каже дека не му се допадна. Следуваше многу формално ракување, по што секој тргна по својот пат.
Новак беше запрашан за прославата на победата, со спуштање на слушалката на Шелтон, зошто веднаш по мечот крена голема прашина на социјалните мрежи.
„Ми се допадна прославата на Бен. Мислев дека е многу оригинална, ја ископирав, му ја украдов прославата“, изјави Ѓоковиќ.
Претходно и Шелтон го кажа својот став.
„Го видов тоа по натпреварот. Не ми се допаѓа кога сум на социјалните мрежи и гледам како луѓето ми кажуваат како треба или не треба да славам. Ако го добиеш натпреварот, заслужуваш да правиш што сакаш. Растејќи ме научија дека имитирањето е најискрената форма на ласкање“, изјави Шелтон.