ВИДЕО: Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик

Од:

Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување вели портпаролот на Левица Амар Мециновиќ.

– Во овој момент, измените ќе влијаат на 14 судски пресуди и обвинети над 80 лица, не метајќи ги случаите кои се наоѓаат во ОЈО ГОКК. Се аболицираат тројца сегашни пратеници од редовите на ДПМНЕ. СДС го враќа и Никола Груевски. На вчерашната собраниска седница, предаторската воља на широката коалиција пресуди, за да се убие правичноста и да се осигура неказнивоста. Собраниската опозиција, сочинета единствено од пратениците од Левица, одби да земе учество во озаконувањето на високата корупција. Менувањето на Кривичниот законик, не само што им одговара на корумпираните партиски раководства, туку се случува и како обид за повторно наметнување на уставните измени за бугаризација на Македонија, како што такви измени беа донесени и пред насилното менување на уставното име, рече Мециновиќ кој на крајот на прес конференцијата го запали Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето – го преземаат и граѓанскиот надзор

(ВИДЕО) Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Министерство за правда: По 30 години нов Кривичен законик

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци