Кошаркарската репрезентација на Литванија денеска во Манила ја совлада Словенија со 100:84 (33:21, 20:22, 22:20, 25:21), во плејофот за пласман од петтото до осмото место на Светското првенство.
Литванскиот тим го предводеше Јонас Валанчиунас со 24 поени и 12 скока. Игнас Браздеикис постигна 15 поени, а Миндаугас Кузминскас и Давид Сирвидис по 14 поени.
Во словенечкиот тим најефикасен беше Лука Дончиќ со 29 поени и шест скока. Алексеј Николиќ додаде 14 поени, Мајк Тоби 13, а Зоран Драгиќ 12 поени.
Литванија во сабота ќе игра за петтото место против Летонија, која претходно денеска ја совлада Италија со 87:82.
Словенија ќе игра против Италија за седмото место.