Договорот на Русија и САД да се уништи сирискиот арсенал на хемиско оружје е добар за Израел, но тестот ќе биде во неговата примена, изјави денеска Авигдор Либерман, претседавач на израелскиот одбор за надворешна политика и одбрана.
Либерман, поранешен шеф на израелската дипломатија, верува дека договорот може да дејствува но оти се зависи од сирискиот претседател Башар Асад.
Асад има многу проблематично минато во однос на сигурноста и добрите намери. Тој неодамна демантираше дека Сирија има хемиско оружје, рече Либерман.
На прашањето каков е интересот на Израел да потпише договор за забрана на хемиското оружје, Либерман одговори: „Само кога Блискиот Исток навистина стане нов Блиски Исток, тогаш ќе потпишеме било каков договор“.
Израел споменатиот договор го има потпишано, но не го ратификуваше.