Близначки на возраст од четири години биле пронајдени мртви во кутија за играчки во семејниот дом во Џексонвил, Флорида. Нивната мајка Сејди Мајерс на Фејсбук објаснила дека близначките Аурора и Келан на 25 август се разбудиле среде ноќ за да си играат, а потоа заспале во кутијата, пренесува NBC.
„За време на спиењето, една од нив сигурно се мрднала или удрила во кутијата и тоа предизвикало затворање на капакот на оваа стара кутија од кедрово дрво“, напиша Мајерс на Фејсбук. „Полека им снемало кислород за неколку часа и умреа“, додаде таа. .
Мајерс рече дека следното утро таа, нејзиниот сопруг и нивните две најстари деца сфатиле дека близначките не се во нивните кревети и тогаш нивниот постар брат ги нашол во кутија.
Знаев дека нешто не е во ред, но исто така брзо сфатив дека е предоцна“, напиша Мајерс.„Секогаш внимавав децата да не се заклучат внатре, но за жал кутијата е херметички затворена и да не е заклучена“, опишала неутешната мајка.
Од полицијата во Џексонвил велат дека децата биле во несвест кога полицијата и брзата помош пристигнале на местото на настанот, и покрај обидите за реанимација, тие биле прогласени за мртви.
„Во овој момент не знаеме дали ова е несреќа или злосторство“, изјави поручникот за NBC.