Три скелети се пронајдени во Подгорица, Никшиќ и Сутоморе во изминатите три дена, соопшти Полициската управа на Црна Гора.
Човечки останки и лични документи на име на Божидарка Марјановиќ, која исчезна во декември 2014 година, беа пронајдени над заливот Штрбина кај Сутоморе.
Тело на машко лице во распаѓање е пронајдено кај Железнички мост во Никшиќ, а полицијата утврдува дали се работи за убиство или самоубиство.
Тело во поодмината фаза на распаѓање е пронајдено во напуштена куќа во населбата Коник во Подгорица, а идентификацијата е во тек.