Застрашувачка сцена е снимена денеска во Евиа, каде поради обилните врнежи и силниот ветер се создаде водно торнадо.
Според граѓаните, водено торнадо е забележано на брегот на Лимнионас во централна Евија.
Incredible waterspout forms along the coast of Evia, Greece during Storm #Daniel pic.twitter.com/a2LpnlyDwc
— Zoom Earth (@zoom_earth) September 5, 2023
Снимките споделени на социјалните мрежи покажуваат како пијавицата се шири над морето, поминува покрај брегот и исчезнува меѓу карпите, додека бесните ветрови и обилните врнежи продолжуваат.
Воденото торнадо е честа појава за време на бури, се формира над морски или водени површини, а кога се движи од вода на копно се смета дека станува торнадо.
Главната причина за оваа појава е големата температурна разлика помеѓу водните површини и горните слоеви на атмосферата.