ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла

Од:

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла.

Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.

Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.

ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.

-По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Ѓубрето од Куманово се носи на Дрисла

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија