Привремен сообраќаен режим на булевар Србија

Од:

Во сабота и во недела, на дел од булеварот Србија ќе има привремен сообраќаен режим поради изведување прекоп за приклучок на новата атмосферска канализација по улицата Борис Трајковски (Првомајска) во постојната шахта на булевар Србија.

Улицата Борис Трајковски и булеварот Србија нема да бидат целосно затворени за сообраќај.

Градежни активности ќе се изведуваат и на на улица Радишанска.

Градот Скопје ги замолува учесниците во сообраќајот да ја користат улицата по која се движат автобусите од автобуската линија бр. 57-А, и тоа пред мостот на река Серава (кај сервис Зајо), па се до мостот кај терминалот на автобуската линија бр.57-А, којашто се спојува и продолжува по улица Радишанска.

Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и притоа да се движат со поголема внимателност.

 

Би можело да ве интересира

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски