„Пред недела дена загубив мајка од рак на бели дробови. Болката е, не знам како да ја опишам, мајка ми беше карпа човек. Под итно беше пренесена на хемотерапија. После три дена мајка ми клапна и потоа почина“, раскажа еден од организаторите на протестот.
Чекавме за хемотерапија од девет и пол сабајле па завршуваше во шест хемотерапијата, никој не ве гледа. Сам и ја менував инфузијата, Ова е како холокауст, мора овие луѓе да преземат одговорност, овие доктори и министри да си преземат одговорност. Јас не на суд, сакам овде пред нас да ги видам и да ни кажат за кои пари, за кои црни пари го оставаат човекот, кој се бори за живот, кој секој ден му е значаен.
– Не знам што и дадоа, за седум дена се претвори во жив мртовец. На човек кој се бори за живот, секој ден му се брои и на крај ќе се најдат некои убијци кои за наши пари ќе го уништат животот на човек. Сакам да прашам до премиерот, зборуваше дека ќе има виновници, а никој за ништо не одговараше. Сакам да скапуваат- порача тој.
Околу 1.500 граѓани излегоа на протести пораци скандалот на Клиниката за Онкологија каде што медицински лица продавале цитостстици на црните пазари.
-Дојдовме да им кажеме дека ќе ги гониме во Њујорк, а не во Стразбур, не може да си играат со човечки животи- порачаа граѓаните.