Спасовски: Граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните, ја разбирам грижата на граѓаните, наше е да гарантираме постапката да заврши до крај

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за медиумите, а во врска со случајот со Клиника за онкологија, и за најавениот протест, потенцираше дека граѓанскиот протест е демократско и неприкосновено право на граѓаните. Притоа, тој рече:

„Граѓанскиот протест е најголемо демократско и неприкосновено право кое го имаат граѓаните. Прво, сакам да изразам убеденост во грижата на граѓаните, заради тоа што сите ние сме прво граѓани, па се друго и сме сериозно загрижени, посебно за случувања кои имаат директно влијание врз човечките животи.

Од тој аспект сметам дека сосема оправдана е грижата на секој еден граѓанин на државата, наше е да обезбедиме и да гарантираме дека постапката ќе заврши до крај, било кој се огрешил да мора да носи одговорност, таа да биде брза и ефикасна и на тој начин да помогне вакви случувања да немаме во иднина”, истакна министерот Спасовски.

Би можело да ве интересира

Случај „Онкологија“: Вештак од Србија укажува на пропусти, одбраната оспорува документација

Горан Наумовски

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра

Судење за „Онкологија 2“: Сведочеше Клисаровска која тврди дека конзилиуми и колективни одлуки го отежнуваа работењето

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот