Бидете спокојни, сите пациенти годинава ја добиле точната доза и терапија – директорите на Онкологија ги смируваат пациентите

Од:

– Сакам да упатам порака до пациентите, бидејќи најмногу е нарушена довербата од нив и се вознемируваат пациентите. Сакам да ги уверм сите пациенти дека од кога сум јас поставена за организациски директор, од ноември на 2022 година, сите пациенти, буквално сите пациенти ја имаат примено потребната доза и терапија без никаква манипулација и да бидат спокојни, изјави д-р Виолета Клисаровска, медицински директор на клиниката за Онкологија. 

Таа вели дека најважно е брзо да се разреши овој случај и за нив, вработените во Онкологија, бидејќи овој скандалл виси како сенка и над нивната работа, и важно е брзо да се расчисти и оние кои се огрешиле од законот да одговараат. 

Клисарова информираше дека веќе некој период за препишување терапија одлучуваат конзилиумот од 12 лекари, а не само по еден лекар. И ова е направено со цел да нема злоупотреби. 

-Имавме информации и сомнежи за манипулации со лекови. Кога јас станав директорка на клиниката на онкологија и радиотерапија подигната е безбедноста на патеката на лековите, од влез на клиниката до пациентот. Сестрата која ја фативме во повторен обид за кражба на лекови веднаш доби отказ.

Би можело да ве интересира

Недостигаат онколози и патолози, Таравари најаува можен мораториум за одредени специјализации

„Наместо 40 одиме 100 километри за хемотерапија“ – на Онкологија измачени пациенти и исцрпени вработени

A1on

(ВИДЕО) „Срамота е, на онкологија нема доктори, а овие млади чекаат работа“: Поддршка од граѓани за специјализантите

A1on

СДСМ: По 20 години, во наше време, се расчистува случајот Онкологија, лагата на ДПМНЕ се покажа и со Анкетната комисија

Нино Васев не смее да оди на работа во Онкологија – судот ги прифати мерките од обвинителство

Се кратела ли терапија од пациенти, се препишувале ли лекови на починати, каде завршиле скапите лекови – хаос во документацијата на Онкологија