Меџити: Терапијата што сега се дава на Онкологија е соодветна, да не се шират невистини

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити ги уверува пациентите дека терапијата на Клиниката за онкологија и радиологија во Скопје која во моментов се дава е соодветна и порача да не се шират невистини за побрзо да се реши случајот со продажбата на цитостатици во Косово која ја вршел медицински персонал од клиниката.

„Оваа клиника треба да биде светилник на болните од рак. Ја разбирам фрустрацијата што овој случај ја предизвика кај нашите граѓани, особено кај оние директно погодени од канцерогенитре заболувања. Ќе направам сѐ што е во моја моќ да се расчисти случајот на Клиниката за онкологија и да се утврди одговорноста на сите. Ќе создадам услови ова никогаш да не се повтори. За да се обезбеди темелна истрага, ќе бидеме транспарентни.

Никој од здравствениот систем не смее да се обиде да ги заштити престапниците. Доколку некој ја манипулира истрагата, остро ќе реагираме. Ги охрабруваме сите здруженија за борба против карцином, да придонесат во истрагата – истакна Меџити додавајќи дека КАТО системот за контрола на терапиите не бил фрлен, туку бил на Клиниката, но дека се прават анализи дали овој систем да се врати во функција или да се воведе нов систем за контрола на терапија.

Би можело да ве интересира

Гоговска Јакимовска: Oбвинетиот онколог Васев предизвикувал тешко нарушување на здравјето на пациентите

„Апсолутно не се чувствувам виновен“, рече екс-директорот на Онкологија, кој е обвинет за несовесно лекување на пациенти

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он

Гоговска Јакимовска за аферата „Онкологија“: Медицинските вештачења сметаме дека се апсолутно беспредметни

Обвинетата Мери Пешевска не дојде на судење, се одложи првото рочиште за аферата „Онкологија“

Горан Наумовски