ОЈО Скопје покрена постапка против 19-годишен скопјанец осомничен за неколку кражби

Од:

Основното јавно обвинителство од Скопје покрена постапка против 19-годишен скопјанец кој се сомничи дека сторил неколку кривични дела.

Како што денеска информира ОЈО Скопје, лицето се сомничи за две тешки кражби, една кражба, еден обид за тешка кражба и за одземање на моторно возило.

– Согласно доказите обезбедени до овој момент, осомничениот на 14 јуни, од ресторан на булеварот „Словенија“ одзел 700 евра и 11.000 денари. Искористувајќи ја околноста што ресторанот бил привремено затворен за работа, со физичка сила ги отворил вратите, влегол внатре и од една од работните простории ги одзел парите. На 7 август повторно насилно влегол во истиот ресторан со намера да одземе туѓи подвижни предмети, но бил забележан од една вработена и побегнал, информира ОЈО Скопје.

На 27 август, преку отворен прозорец во спалната соба влегол во стан на улицата „Благој Давков“ и додека сопственичката спиела, одзел ранец во кој имало мобилен телефон, слушалки, мини звучник и други предмети во вкупна вредност од околу 20.000 денари. Потоа, на 29 август, од паркинг простор на улицата „Максим Горки“, украл комбе „мерцедес вито“. Возилото било незаклучено, а клучот бил оставен во контакт-бравата за погон, па осомничениот го стартувал и заминал со него. На 31 август, влегол во печатница на улицата „Анкарска“ и од една од работните простории одзел чанта во која имало мобилен телефон, паричник со 500 денари, документи, банкарски картички и други предмети во вкупна вредност од 36.000 денари.

Поради опасност да побегне, одреден му е притвор.

Би можело да ве интересира

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски

Четворица осомничени за кражба на половина милион евра од стан во Белград