Денови на македонската култура во Задар и Шибеник

Од:

Во организација на невладиното здружение Хрватска-македонска тангента, од денеска до 5 септември во Шибеник и Зларин ќе се одржуваат четвртите Денови на македонската култура.

Свеченото отворање е вечер, во Музејот на град Шибеник, а ќе присуствуваат истакнати личности од општествениот живот на Хрватска и Северна Македонија.

Утре програмата продолжува на островот Зларин, со меѓународната книжевна средба „Од остров на копно, кон остров на море“ на која ќе учествуваат поети, писатели, публицисти и новинари. Овој настан се организира од 2014 година.

-Посетителите ќе имаат можност да се нурнат во различноста на македонската култура преку низа трибини, предавања и изложби. На манифестацијата особено се истакнува спојот на традицијата и современоста, а интересен сегмент ќе биде филмската проекција „Балканот не е мртов“, на реномираниот македонски режисер Александар Поповски кој ќе биде присустен на настанот. Учесниците од Македонија и Хрватска утре ќе зборуваат за влијанието на традицијата врз современата култура и уметност на трибина во Хрватскиот центар за корали на Зларин каде потоа ќе биде прикажан филмот „Балканот не е мртов“, информираат организаторите.

На програмата е и литературната содржина „По трагата на пишаниот збор“ која ќе се одржи, исто така, утре, во Зларин, во Трутини двори. Поети, писатели и публицисти од Скопје, Загреб, Задар, Сплит и Шибеник ќе читаат свои песни или фрагменти од нивните напишани дела. Во оваа пригода ќе биде претставено богатото книжевно творештво на Томислав Османли, познат македонски писател, сценарист, драматург и новинар. Потоа следува ликовната изложба „Море“ од авторката Гојка Скориќ Пелајиќ, а на 4 септември во Градска библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник предвидена е изложбата „Перото пишува со срце – Христово“ од Христо Петрески, писател и уметник од Скопје. На 4 септември во Музејот на град Шибеник е закажано и предавање „Еко туризам и одржливост на дестинацијата“ на директорот на владината Агенција за промоција и поддршка на македонскиот туризам Љупчо Јаневски.

-Подготвивме серија дискусии и предавања кои ќе ги истражат општеството и современите предизвици, како во Македонија, така и во Хрватска. Деновите на македонската култура во Шибеник и Зларин нудат можност за сите генерации да се поврзат со уникатната и богата култура на Македонија и да создадат трајни спомени. Настанот претставува можност да се патува низ сопственото културно наследство и да се отвори прозорец кон друга култура. Оваа манифестација ветува дека ќе ги направи Шибеник и Зларин центар на македонската култура и уметност во овие инспиративни денови од 2 до 5 септември., вели Сашо Георгиевски, претседател на Хрватско-македонска тангента.

Деновите на македонската култура се одржуваат по повод 8 Септември – Денот на македонската државност. Покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска и градоначалникот на градот Шибеник, Жељко Буриќ, а настанот се реализира со поддршка на градот Шибеник, Туристичките заедници на Градот Шибеник, Шибеничко-книнската жупанија и Зларин, тврдината на културата ЈУ Шибеник и Хрватскиот центар на корали Зларин, Градскиот музеј Шибеник и градската библиотека „Јурај Шижгориќ“. Медиумски покровител ТРИС и радио Ритам.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ