Ковачевски: Во општините раководени од СДСМ просечно реализирани над 53 отсто од ветените проекти

Од:

Градоначалниците од редовите на СДСМ со својата работа и реализирани проекти на локално ниво се пример за успешна и посветена работа во интерес на граѓаните, посочи премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски во објава на Фејсбук споделувајќи фотографија од средба со партиското раководство и градоначалниците.

Ковачевски истакнува дека просечно во сите 17 општини раководени од СДСМ се реализирани над 53 проценти од ветените проекти пред граѓаните

-Општините се развиваат и напредуваат. Тоа е огромна разлика во споредба со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ кои за две години немаат реализирани проекти и не работат ништо за граѓаните. Ова достигнување ја одразува посветеноста на СДСМ за граѓаните.Политиките на Владата се насочени кон рамномерен локален развој и економски напредок за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани, се наведува во објавата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он