По страшната експлозија во зградата во Смедерево, полицијата не им дозволува пристап на насобраните станари, кои се видно вознемирени. Како што велат тоа е сцена која никогаш нема да ja заборават.
Ѓорѓе А., по професија програмер, се разнесе со неколку килограми експлозив по расправија со своите потстанари, четиричлено семејство.
„Тоа семејство живееше две години во оваа зграда. Тие беа потстанари на Ѓорѓе. Постојано се расправаа за киријата бидејќи не му ја плаќаа, а тој сакаше да ги избрка“, вели жената која живее во зградата каде што се случи експлозија.
Според неа, таа смета дека Ѓорѓе синоќа не сакал да се самоубие.
“Сигурна сум дека не сакаше да се самоубие. Сакаше да ги убие, да ги “разнесе” и тоа е поради киријата. Не ми се верува што се случува околу нас”, вели вознемирената жена.
По страшната детонација која одекна низ градот, на лице место почина Ѓ.А., а со тешки повреди се здобиле две млади лица. Во експлозијата повредено е момче (25) кое се здоби со сериозни повреди на окото, а според прогнозите на лекарите трајно ќе го загуби видот на едното око. Девојката (22) има повеќе исеченици по телото.
Експлозијата се случи на петтиот кат од зградата, од силината на експлозијата биле исфрлени сите врати во зградата, а целиот петти кат е целосно уништен.