Во меѓународна акција предводена од српското Министерство за внатрешни работи и Безбедносно-разузнавачката агенција (БИА) во координација со Европол, на едрилица во Атлантскиот океан се запленети 2,7 тони кокаин, а шест лица се уапсени и повеќе од половина милион се запленети евра, соопшти српската полиција.
Во Србија, уапсени се организаторот на криминалната група, седумдесетгодишниот С.К., и уште тројца осомничени – Н.С. (1988), Н.С. (1980) и Б.К. (1983).
Истрагата за оваа организирана криминална група беше покрената во јануари 2022 година поради сомневање дека е вмешана во шверц на кокаин од Јужна Америка во земјите на Европската Унија.
Во акцијата координирано учествувале и полициите на Хрватска, Шпанија, Бразил, Франција, Полска, Португалија и Словенија, како дел од оперативната група „Балкански картел“.
Уапсени се шест лица, а претресени се 15 станови, а освен кокаин и пари, одземени се и две возила од висока класа, скапи рачни часовници, електронска опрема и мобилни телефони.
Во рамки на финансиската истрага, блокирани се голем број банкарски сметки и имоти.
Се сомнева дека оваа организирана криминална група превезувала кокаин од Јужна Америка, користејќи едрилици, а пратките биле испраќани со помош на шифрирана комуникациска платформа, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија.