Сателитот на НАСА ја снимил локацијата на површината на Месечината каде, очигледно, удрило руското летало Луна-25.
Објавени се две фотографии од истото место, направени со разлика од речиси еден месец. Првата е снимена на 27 јули, а втората на 24 август годинава. На втората, очигледно, може да се види местото каде падна леталото. Рускиот вселенски брод Луна-25 се урна на површината на Месечината на 20 август.
NASA's LRO satellite found Luna-25's impact crater. Eagle eyes over here pic.twitter.com/hC9Ev3D4mW
— Jack Kuhr 👨🚀 (@JackKuhr) August 31, 2023
Директорот на руската вселенска агенција Роскосмос Јуриј Борисов ден по падот изјави дека погонската единица на автоматската лунарна сонда Луна-25 била активна 127 секунди за време на прилагодувањето за влез во орбитата, наместо планираните 84 секунди. Тој смета дека токму тоа е главната причина за падот на сондата која се урна на површината на Месечината и се загуби.
Руско вселенско летало требаше да слета на јужниот пол на Месечината, како дел од големата трка за истражување на делот од Месечината за кој научниците веруваат дека може да содржи замрзната вода и скапоцени елементи. Претходно Роскосмос објави дека ги добил првите резултати од мисијата Луна-25 и дека се анализираат. Агенцијата објави и фотографии од лунарниот кратер Земан направени од леталото.