Природниот прираст во негатива од 711 лица во вториот квартал

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, живородени се 4 019 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 8.9 %.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје годинава бележи намалување од 0.5 % во споредба со истиот квартал лани, односно починале 4 730 лица, а од нив шест се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, – 711 лица, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во второто тримесечје од 2023 година се склучени 3 228 бракови, што претставува зголемување од 10.9 % во споредба со истиот период од 2022 година.

Во ова тримесечје се добиени 467 извештаи за разведени бракови.

Би можело да ве интересира

Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Негативен природен прираст во третиот квартал од годинава

Горан Наумовски

Природниот прираст негативен, бројот на склучени бракови зголемен за 140,8 отсто

А1он

Во третиот квартал природниот прираст негативен, починати се 23 доенчиња

Катерина Ѓуровски