Дете прегазено од противпожарно возило

Од:

Десетгодишно дете се здобило со потешки повреди откако денеска нешто по 12 часот било прегазено од противпожарно возило што дошло да интервенира на пожар во тетовското село Чифлик, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

– Детето било прегразено по завршувањето на интервенцијата додека противпожарното возило вртело покрај дрвен електричен столб при што со задниот дел го повредило. Тоа веднаш било префрлено во Тетовската клиничка болница, но оттаму поради сериозноста на повредите било упатено на Скопските клиники, рече Јосифовски.

Во пожарот што избувнал денеска околу пладне бил зафатен објект сопственост на Б.Д. од Чифлик при што изгореле околу стотина бали сено по што пожарот бил локализиран и изгаснат.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски