ВИДЕО: Капитенот на Њукасл се испотепа со осуммина, летаа шишиња и боксови

Од:

Капитенот на Њукасл Јунајтед, Џамал ​​Ласелес, се степал со неколку мажи на улица по ноќно излегување, пишува „Дејли мејл“. Се беше објавено по шокантниот пораз од Њукасл (од 1:0, до 1:2 со играч помалку за „црвените“), а се всушност се случи на 20 август кога Ласелс излезе во ноќен клуб. Според британските медиуми, Ласелс бил нападнат од група од „шест до осум мажи“ при што бил бил повреден, но и возвратил.

На социјалните мрежи се појави снимка од конфликтот, а во истрагата се вклучи и полицијата, која Ласелс ја известил дека „му се заканувала банда“ дека ќе пукаат во него и во неговиот брат. Сето тоа било пријавено кај надлежните органи кои го испрашале Ласелес и побарале информации како дошло до конфликтот.

Наводно, сето тоа се случило по поразот на Њукасл од Сити кога менаџерот Еди Хау им дал слободен ден на своите играчи, што Ласелес го искористил за да излезе со својот брат. Откако излегле од клубот, маж со лакт го удрил неговиот помал брат во грлото, летнало шише вотка, по што дефанзивецот на Њукасл (на сликата во елек) почнал да ги тепа сите по ред, што некој го снимил на камера.

Џамал ​​Ласелес е во Њукасл од 2014 година и има одиграно преку 200 натпревари за клубот. Сепак, од ненадејниот „подем“ минатата сезона со саудиски пари, тој игра се помалку бидејќи имаат подобри играчи.

Би можело да ве интересира

Сити извлече само бод против Њукасл

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Тoнали е под истрага за обложување, на фудбалерот на Њукасл му е дозволено да тренира со тимот

Првото засилување слета во Њукасл

Предраг Петровиќ

Саудиските газди на Њукасл вкупно инвестирале 450 милиони фунти во клубот

Саудиските газди на Њукасл се инвеститори во компанијата која го купи Челси?