Ограбена канцеларијата на „Донирај Компјутер“ во Кавадарци

Од:

Борче Стаменов, кој со години поправа стари компјутери за голем број деца да имаат услови за следење на онлајн наставата, на фејсбук објави дека од нивната канцеларија во Кавдарци се украдени неколку компјутери.

„Се случи и тоа. Сабајле во 3.59 некој ги обил канцелариите на Донирај Компјутер во Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120гб. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот.“, вели Стамов.

Стамов апелира ако некој добие понуда да купи или забележат оглас за продавање од споменатите работи, да го известат за да се пронајде и крадецот, а и украдените компјутери.

„Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота.“ вели Стаменов на Фејсбук кој објави и фотографии од украдените компјутери.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи

Вработен во МВР две години крадел пари од службената каса

Полицијата уапси крадец кој ограбил две куќи

Горан Наумовски