ВИДЕО: Заостануваше 15 метри и сите ги престигна-трка каква ретко се гледа

Од:

Холандија на речиси неверојатен начин го освои златниот медал во дисциплината 4×400 метри за жени на Светското првенство во атлетика во Будимпешта. Цело време Холанѓанките заостануваа, но на крајот благодарение на одличната Фемке Бол (21), воедно и нова светска шампионка во дисциплината 400 метри со пречки, успеаја да го освојат првиот златен медал во својата историја. Уште повеќе, првиот медал во ваков тип на штафета.

На крајот, Холанѓанките ја истрчаа трката за 3 минути, 20 секунди и 72 стотинки, а едноставно е неверојатно како Фемке Бол ги „остави во прашина“ своите ривалки од Јамајка (Стејси-Ен Вилијамс) и Велика Британија (Никол Јергин ). Претходните трите Холанѓанки и оставија многу тешка задача, но благодарение на страшната завршница успеа да се пробие од третата позиција на првата.

Последната членка на „штафетата“ веројатно заостануваше 15-20 метри пред последниот „свиок“, а потоа додаде гас и на магичен начин донесе злато во својата земја.

„Бев трпелива, но пред крајот си реков: „Не, мора да победиме овде“. Бев уморна, не се чувствував најдобро, но другите трчаа и се трудеа пред мене“, изјави 21-годишната Фемке Бол, која е хероината на својата земја.

Погледнете го неверојатното возење на Фемке Бол на крајот од трката, додека Евелин Салберг, Лика Клавер и Кејтлин Питерс со неа го поделија златниот медал за Холандија во „штафетата“.

Би можело да ве интересира

Го добивме наследникот на Болт – Летсиле Тебого го сруши У-20 рекордот на 100 метри

Пандев во следната рунда на 100 метри на Светското првенство во атлетика

Емир Латифовиќ

Британците најдобри на ЕП во Цирих

Емир Латифовиќ

Јамајчаните Болт и Фрејзер – Прајс најдобри атлетичари за 2013 година

Емир Латифовиќ

Хејнова светска шампионка на 400 метри со пречки

Емир Латифовиќ

Гана Мелничеко најдобра седмобојка

Емир Латифовиќ