Во експлозиите кај Букурешт две лица загинаа, а има многу повредени

Од:

Две лица загинаа, а 56 се повредени, од кои некои се пренесени на лекување во странство, објавија романските власти нови информации за две експлозии на станица за ТНГ недалеку од Букурешт.

Кога пристигнале пожарникарите да интервенираат по првата експлозија во Креведија, се случила втора експлозија во која се повредени 39. Двете жртви биле брачна двојка – мажот починал од срцев удар, а жената која се здобила со тешки изгореници, почина неколку часа подоцна. Меѓу повредените има двајца полицајци и двајца припадници на жандармеријата. Некои од нив се здобиле со тешки изгореници и биле пренесени во Белгија и Италија.

Романија побара помош од Европската унија преку механизмот за цивилна заштита за лекување на 18 тешко изгорени пациенти. Австрија, Германија и Норвешка се понудија да помогнат.

Пожарот што следеше по двете експлозии беше изгаснат во текот на ноќта. Романскиот претседател Клаус Јоханис повика на истрага за експлозиите. Причината за експлозиите се уште не е позната, а јавниот обвинител отвори истрага. Поради разорните експлозии, околу 3.000 луѓе беа евакуирани од областа.

Би можело да ве интересира

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Експлозија во Германија: Голем број полицајци и експерти за експлозиви се на местото на настанот

Горан Наумовски

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија во Чеченија

A1on