Пол Мескал глуми во филм кој ќе се снима повеќе од 20 години

Од:

Пол Мескал ќе ги помине следните две децении со режисерот Ричард Линклејтер на снимањето на филмот „Merrily We Roll Along“.

Филмот е адаптација на истоимениот мјузикл од Стивен Сондхајм, а самиот мјузикл е адаптација на драмата на Бродвеј напишана од Џорџ С. Кауфман и Мос Харт.

„Merrily We Roll Along“ следи тројца пријатели кои се обидуваат да се пробијат во забавната индустрија, кажано во обратен хронолошки редослед.

„Мислам дека во следните 20 години ќе се каам за одлуките што ги донесов во некои сцени, а на другите ќе заборавам и потоа ќе се сетам: „Ова го снимавме во 2035 година!“ Тоа е лудост“, рече Мескал.

Линклејтер верува дека снимањето на „Merrily We Roll Along“ ќе биде покомплицирано од снимањето на Boyhood, на кое работел од 2002 до 2013 година.

„Ова се многу различни филмови, тие само користат иста лонгитудинална наративна техника. Приказните се само различни. Исто така, Boyhood се снимаше секоја година за да се прикаже природниот тек на времето, додека Merrily ќе се снима девет пати во 20 години, така што ние имаме пауза од две години помеѓу секое снимање“, откри Линклејтер.

Покрај филмот Merrily We Roll Along, Мескал моментално работи и на Gladiator 2, а оваа година ќе можеме да го видиме и во филмовите Foe и All of Us Strangers.

Би можело да ве интересира

Серија која го сруши рекордот на Еми наградите, гледачите ја споредуваат со „Игра на троновите“

ВИДЕО: Жена се затрча кон Анџелина Џоли, обезбедувањето веднаш реагираше

„Мала грешка“ – нова меѓународна копродукција на филм која ќе се снима во Македонија

Култниот „Андалузиски пес“ на Буњуел го отвора 4. издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Златниот лав“ го доби филмот на Алмодовар, за многумина е крајно контроверзен

Предраг Петровиќ

Контроверзен филм кој беше награден во Венеција со 17-минутен аплауз

Предраг Петровиќ