Во сообраќајната несреќа што се случи синоќа околу 1.30 часот во месноста Љубичево крај Пожаревац, учествувале автомобил „пежо 508“ и камион „ман“, а две лица загинале.
– Во сообраќајката загинаа Милош Ковачевиќ (1992), вршител на должноста помошник министер за труд, вработување, ветерани и социјални работи, од Одделението за заштита на борците и инвалидите, кој бил сопатник во автомобилот, како и возачот на автомобилот Д.Б.(1957). Истрагата ја спроведе обвинителот на Основното јавно обвинителство во Пожаревац, се наведува во соопштението на српското МВР.