Берни Марсден, поранешниот гитарист на бендот „Вајтснејк“, почина на 73-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
„Берни почина мирно во четвртокот вечерта, опкружен со неговата сопруга Фран и ќерките Шарлот и Оливија. Тој никогаш не ја изгуби страста за музиката, пишувањето и снимањето музика до самиот крај“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Заедно со Дејвид Ковердејл, Марсден ја основал „Whitesnake“ во 1978 година и учествувал во пишувањето на хитовите „Here I Go Again“ и „Fool For Your Loving“.