Трипуновски: Граѓаните и оваа година ќе имаат недостаток на огревно дрво

Од:

Граѓаните и оваа грејна сезона ќе се соочат со огромен недостаток на огревно дрво, а тоа го потврдуваат и бројките од официјалниот Извештај за работењето на ЈП Македонски шуми рече на прес конференција Цветан Трипуновски претседател на Комисијата за земјоделсто во шумарство на ВМРО-ДПМНЕ.

– Не чека тешка зима со СДС и Љупчо Николовски. Извештајот го потврдува недомаќинското и неодговорното работење на менаџментот. Бројките се загрижувачки и фрапантни споредбено со бројките од минатата година која што исто така беше тешка со снабдување на огревно дрво. Имено, за само 7 месеци годинава значително е намалено производството и снабдувањето на населението со огревно дрво. Односно споредбено со лани сечата на огревно дрво е намалена за 30.765 метри кубни, а намалување има и во продажбата на огревно дрво за 42.528 метри кубни, додека пак планот за сеча на огревно дрво е реализиран, односно е на минимални 57 проценти, а од складиштата на Македонски шуми се продадени само минимални 26.925 метри кубни дрва. Извештајот покажува дека останатото е купено од приватни препродавачи и фирми кои добиваат тендери за сеча од јавното претпријатие и ги продаваат по двојна цена или ако во Македонски шуми цена за метар кубен на даб и бука е 2500 денари, додека во приватните складишта истата се движи од 5 до 6 илјади денари за метар кубен, односно дупло поскапо, вели Трипуновски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

Трипуновски: Работиме преспанското јаболко да остане бренд и да имаме што повеќе задоволни земјоделци

Николовски демантира: Празни обвинувања и театар од Трипуновски

Трипуновски: Започнуваме со објавување на сите сомнителни случаи и афери од претходното раководство

Горан Наумовски