Украинските разузнавачки сили извршија слетување на Крим со помош на морнарицата, соопшти Киев. За време на, како што ја нарекуваат „специјална операција“, воените сили слетаа на Крим, украинскиот полуостров кој е под руска окупација од 2014 година, и се судрија со руските сили.
🇺🇦The Ukrainian flag has been raised again in #Crimea!
The Defense Intelligence in coordination with the Ukrainian Navy, conducted a special operation in temporarily occupied Crimea on the night of August 24.
During the execution of the task, Ukrainian fighters entered into a… pic.twitter.com/hHB88ZUKxQ
— KyivPost (@KyivPost) August 24, 2023
„Како резултат на тоа, непријателот претрпе загуби, а руската воена опрема беше уништена“, се вели во соопштението на украинското воено разузнавање на Телеграм.
„Сите цели и задачи се исполнети“, додаваат тие, нагласувајќи дека нема повредени Украинци. Тврдат и дека го подигнале украинското знаме на територијата на Крим.
Овој извештај сè уште не е независно потврден, а Русија не го коментираше. Тие споделија видео од слетувањето, на кое се гледа подигнувањето на украинското знаме.