Американскиот Стејт департмент одобри можна продажба на инфрацрвен систем за следење на борбени авиони Ф-16 на Тајван.
Проценетата вредност на опремата е 500 милиони долари, соопшти Пентагон, пренесува Ројтерс.
„Предложената продажба на оваа опрема и поддршка нема да ја променат основната воена рамнотежа во регионот“, се вели во соопштението.
Овој потег може да предизвика револт кај Кина, која постојано бараше САД да ја прекинат продажбата на оружје за островот.