Расте бројот на загинати во нападот на училиште во Украина

Од:

Четворица просветни работници загинаа, а уште четири лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во североисточна Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. Тој додаде дека спасувачите од урнатините ги извлекле телата на директорот на училиштето, заменик директорот, секретарот и библиотекарката.

-Четворица мештани се повредени додека минувале покрај училиштето, рече тој.

Тој сподели и фотографии на кои се гледаат работници на брзата помош како носат тела на носилки. Регионалната воена администрација соопшти дека руски дрон го погодил училиштето.

„Училишната зграда е уништена непосредно пред учебната година, која за некои за жал никогаш нема да започне“, напиша украинскиот омбудсман за човекови права Дмитро Лубинец на Телеграм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск