Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичарницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција.
Според информациите, двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но засега не се знаат детали за обвиненијата против нив, пренесува Ројтерс.
Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичара, заглавена на висина од околу 370 метри.