Тинејџер вооружен со нож рани осумгодишно момче денеска во училиште во градот Бишофсверд во источна Германија, а потоа се самозапали, соопшти полицијата.
Регионалното Министерство за образование соопшти дека повреденото момче со хеликоптер е итно пренесено во болница, каде било констатирано дека има рани на главата и вратот.
Лекарите потврдија дека осумгодишното дете е во стабилна состојба.
Зградата на училиштето била евакуирана откако полицијата добила дојава за напад со нож.
16-годишниот напаѓач, според полицијата по нападот со нож, се самозапалил, но пламенот бил изгаснат. Тој бил уапсен и е пренесен во болница.