СДММ: Студентскиот парламент не работи во интерес на студентите

Од:

Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ не дејствува како самостојно и независно тело, кое треба да ги штити интересите на студентите, туку како коалициски партнер владејачката партија, сметаат од СДСМ.

Доказ за тоа, како што истакна на денешната прес-конференција Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), се фактите што СПУКМ не реагирал кога била воведена наплата за добивање потврди, пријавување семинарски работи и истражувачки трудови, кога биле укинати кредитите, кога доцнеле стипендиите.

– Студентскиот парламент се огласи по повод иницијативата на СДСМ за бесплатен јавен превоз на студентите. Очекувавме да го поздрават овој предлог, кој е во директен интерес на студентите. Впрочем, самиот претседател на СПУКМ, Кирил Спироски, преку социјалната мрежа Фејсбук, на 25 март годинава му навести на Коце Трајановски дека „време е и студентите да видат бесплатен јавен превоз“, како што покажува овој негов фејсбук статус.

– Спротивно на претходно искажаните ставови на претседателот и на секој логичен потег за едно студентско здружение, СПУКМ преку соопштение се обидоа колку што е можно повеќе да се доближат до ставовите на владејачката партија и ги повикаа студентите сами да се изборат за намалување на цената, а не за бесплатен јавен превоз.

– Прашуваме во чие име настапува СПУКМ? Во име на студентите или во име на ВМРО-ДПМНЕ? Македонскиот студент не смее да дозволи да биде излажан, изманипулиран и омаловажен од страна на партизираниот СПУКМ, рече Дарко Давитковски Претседател на СДММ

Студентскиот Парламент, додаде, треба да бидат коректив на секоја лоша општествена појава, поради што им порача на членовите на СПУКМ да „излезат од сенката на ВМРО-ДПМНЕ и да почнат да се залагаат за подобрување на студентскиот стандард и студентските права“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници