Путин го смени „генералот Армагедон“

Од:

Генералот Сергеј Суровикин е разрешен од должноста врховен командант на руските воздухопловни сили, објави новинарот Алексеј Венедиктов, поранешен шеф на радио станицата „Ехото на Москва“. Венедиктов тврди дека наредбата за разрешување ја издал рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Медуза.

Новинарот изјави дека Суровикин ќе остане вработен во Министерството за одбрана. Оваа информација не е официјално потврдена. Новинарката Ксенија Собчак изјави дека, според нејзините информации, Суровикин бил разрешен со указ донесен на 18 август.

Руската медиумска групација РБК, исто така, објави дека извор од руското Министерство за одбрана им потврдил дека Суровикин повеќе не е командант на воздухопловните сили и дека „во моментов е на кратко отсуство“. Суровикин не е виден во јавноста по неуспешниот бунт на основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин против Кремљ на 23 и 24 јуни.

Портпаролот на украинското воено разузнавање, Андриј Јусов, уште на 18 јули изјави дека Суровикин всушност бил сменет од функцијата. Јусов тогаш изјавил дека по бунтот на Вагнер, избувнале внатрешни борби меѓу руската елита, при што Суровикин ја изгубил својата позиција.

Генералот Виктор Афзалов, началник на Главниот штаб на руските воздушни сили (ВКС) е назначен за вршител на должноста командант на местото на Сергеј Суровикин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск