Сончево и многу топло, температури до 39 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне 37 степени.

И во текот на наредните денови ќе се задржи многу топло време со дневна температура која на повеќе места ќе надминува 35 степени. Насекаде ќе биде активирано жолто, а во некои делови и портокалово ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови ќе има појава на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во четврток и сабота.

Би можело да ве интересира

Попладне нестабилно со дожд

Предраг Петровиќ

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време

Катерина Ѓуровски

Сончево и топло со локална облачност

Многу топло и денеска и во следните денови

Многу топло цела седмица, повторно температури до 40 степени

Сончево и многу топло време со температура до 39 степени

А1он