Руските системи за далечинско детонирање ја забавуваат контраофанзивата на Украина, пишува „Волстрит журнал“.
„Тие системи можат да поставуваат мински полиња на растојание од пет до 15 километри. Тоа е само еден од системите што Русите го користат буквално за сеење на мини по полиња“, пишува весникот.
Тој слој на заштита, според весникот, значително ги забавува вооружените сили на Украина и ги принудува војниците да заземаат такви позиции каде што се лесни цели за руските хеликоптери, артилерија и беспилотни летала.
„Секој ден имаме по еден специјалист за деминирање помалку. Тој или е ранет, или двестоти убиен, вели украински војник во интервју за весникот.
Принципот на работа на ова оружје е сличен на ракетните фрлачи со повеќе цевки, а системот овозможува на електронската карта да се регистрираат координатите на падот на проектилот и да се пренесат податоците до командата.