Мисајловски: Потребни се избори, тие се единствено разумно решение за излез од кризата, ДУИ и СДС вештачки се одржуваат на власт, а Македонија тоне

Од:

Секој месец повеќе вештачко одржување на оваа власт на ДУИ и СДС ќе значи две работи, прво губење време, второ уште подлабока криза.

Власта се донесе и себе и државата во ќорсокак. Една година лажеа дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени, за во петокот да стане јасно дека не само што ВМРО-ДПМНЕ не прифатило уставни измени, туку и пратеници од владејачкото мнозинство не поддржуваат промена на Уставот.

Сега ДУИ и СДС ќе одат на стратегијата која веќе ја кажаа, одложување на процесот на гласање до последниот ден на оваа влада. Зошто знаат дека кога и да ги стават на гласање, веднаш ќе паднат и ќе нема друг избор освен распишување избори, па така оставаат простор за владеење уште некој месец.

Ова е сосема погрешна стратегија, можеби е добра за врвот на власта и бизнисмените блиски до нив кои профитираат од ДУИ и од СДС, но е поразителна за народот и за Македонија.

Во периодот до избори ДУИ и СДС нема да направат ништо добро, напротив ќе продолжат со крадење, а народот ќе биде се посиромашен. Но тие забораваат дека додека крадат и вештачки се одржуваат на власт се повеќе губат на гласови, и наредните избори ќе го доживеат својот најголем пораз.

Додека ДУИ и СДС вештачки се одржуваат на власт треба да се знае:

1. Учебната година повторно ќе започне без книги;

2. Болните од ретки болести плачат и молат за лекови, а дечиња бараат пари за лекување преку СМС пораки;

3. Луѓе се убиваат низ Скопје, а МВР не можат да ги најдат сторителите;

4. Пензионерите едвај врзуваат крај со крај;

5. Земјоделците нема каде да го продадат произведеното;

6. Младите се иселуваат;

7. Државата се задолжува, а никој не знае каде одат милијарди евра кои треба да ги враќаат идните генерации.

Време е ДУИ и СДС да ја сфатат сериозноста на ситуацијата, зошто со секој поминат ден со нив на власт, Македонија губи.

Со ДУИ и СДС секој ден сме се подалеку и од ЕУ и од добра иднина.

Затоа потребни се избори, кои се единствено разумно решение за излез од кризата, а се друго е губење време.

Во текот на кампањата ќе понудиме патриотско, компаративно гледано, крајно исправно решение кое ќе ги зачува, заштити и унапреди интересите на Македонија, во поглед со спорот со Бугарија. Но, за да го направиме тоа потребни се прво избори.

Време е за избори, време е да ставиме крај на поразите. Време е за промени, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Венко Филипче е главниот лик во аферата „Провизии кои чинат животи“

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Владата презема конкретни чекори за подобрување на економската состојба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче дозволил изградба на 16 модуларни болници кои не исполнуваат минимални стандарди

Горан Наумовски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ