Педесет и седум годишен жител од Куманово, кој управувал комбе „Фиат Ивеко“ сопственост на „Југ Турис“, вчера на улицата Гоце Делчев, во Штип бил нападнат од непознато лице.
Додека стоел на автобуската постојка, едно лице побарало бесплатно да биде пренесено до Свети Николе.
Возачот го одбил барањето и непознатото лице го испрскало со спреј во очи, ја искршило бравата на вратата и го напукнало предното ветробранско стакло, по што побегнало.
На нападнатиот веднаш му била укажана лекарска помош во медицинскиот центар во Штип, а полицијата презема мерки за пронаоѓање на насилникот.
Елена Георгиевска