Во Летната бавча на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечер во 21 часот ќе биде отворена традиционалната Меѓународната ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци 2023“.
На годинашното издание на колонијата ќе учествуваат 25 ликовни уметници од Северна Македонија, Косово, Италија, Бугарија, Турција, Кореа и од Србија.
Колонијата ќе трае од 20 до 26 август 2023 година. Куратор на колонијата е м-р Владимир Темков.
Меѓународна ликовна колонија „Михајлово – Кавадарци 2023
Во рамките на колонијата ќе се оддржат неколку ликовни настани, меѓу кои и изложба на ликовниот уметник Марија Светиев која ќе биде отворена во Галеријата при Домот на културата од 20 часот, пред свеченото отворање на колонијата.
На отворањето ќе настапи групата “Акустико“ од Кавадарци.
Меѓународната ликовна колонија “Михајлово Кавадарци 2023“ ќе се оддржува во Вила „Моклиште“, во истоимената област во близина на Кавадарци, каде учесниците ќе работат и престојуваат, најавува организаторот.