Во текот на изминатиот ден, руските сили извршија неколку офанзивни обиди кај Бахмут, Маринка и во реонот на неодамна ослободеното село Урожајне на југот на земјата, соопшти утрово Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Наведено е дека во правец на Бахмут, руските војници неуспешно се обиделе да нападнат северно од Богдановка и дека одбранбените сили на Украина го одбиле рускиот напад во близина на градот Маринка, пренесува Униан.
Во правец на Шахтјорск, руските сили неуспешно се обидоа да ги вратат загубените позиции во реонот на селото Урожајне, кое неодамна беше ослободено од Вооружените сили на Украина, истакнуваат од украинскиот Генералштаб.
Се додава дека украинските војници ја продолжуваат офанзивната операција во правец на Мелитопол и Бердјанск.