„Франческа Берош е од Макарска, мојата Миа и таа се двете најдобри девојки што ги знам, и периодот кога живеевме трите заедно“, изјави Северина откако ја испеа песната со нејзината пријателка.
Северина оваа недела одржа концерт во Макарска и таму се сретна со својата стара пријателка и цимерка Франческа Берош. Тие двете на сцената заедно го испеаа хитот на Севе „Вирујен у те“, а пејачката за време на тој настап се расплака.
Вакви девојки има малку, ние бевме едно женско семејство. Беше со мене три години и доживеа некои работи кои никој не би ги сакал, но бевме многу силни“, изјави Северина.