Владата на северозападните територии на Канада прогласи вонредна состојба поради шумските пожари, давајќи им на властите дополнителни овластувања да реагираат на итни случаи.
Канадската влада во вторникот соопшти дека одобрила федерална помош за борба против шумските пожари и распоредување на вооружени сили за да помогнат во гаснењето на пожарите во северозападните територии, пренесува Ројтерс.
Вонредна состојба беше прогласена и во градот Јелоунајф доцна во понеделникот поради потенцијални ризици од блиските шумски пожари.