Најмалку четири лица се убиениво пукање во шиитско муслиманско светилиште во јужен Иран, објавија државните медиуми.
„Четири лица загинаа во терористички напад на двајца вооружени мажи на мавзолејот на Шах Чераг во градот Шираз“, објави новинската агенција ИРНА.
🚨#BREAKING: Shooting attack in Shahcheragh, Shiraz city
Fars Province, #Iran. pic.twitter.com/Llgke2DkGa— World Source News 24/7 (@Worldsource24) August 13, 2023
Според прелиминарните информации, напаѓачите отвориле оган врз луѓето по конфликт со чуварот на капијата на светилиштето.
Еден од напаѓачите е фатен, а другиот избегал и полицијата трага по него.
Џамијата Шах Чераг беше цел на уште еден напад во октомври минатата година, кога милитантите застрелаа и убија 15 луѓе.
Двајца мажи беа јавно обесени за тој напад во јули.