Лукашенко: И наредив на владата да ги обнови контактите со Полска

Од:

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко објави дека и наредил на својата влада да ги обнови контактите со Варшава, во услови на гранични тензии со Полска, соседна земја и членка на НАТО.

„Неопходно е да се разговара со Полјаците. Му наредив на премиерот да контактира со нив“, рече тој, пренесе новинската агенција Белта.

Тензиите меѓу Минск и Варшава моментално се високи бидејќи Полска финансиски и воено му помага на Киев, додека Белорусија е сојузник на Москва.

Полска вчера објави дека има намера да распореди околу 10.000 војници за одбрана на својата источна граница со Белорусија.

Според Лукашенкo, полската влада сака „ескалација за да ја влоши ситуацијата и на тој начин да покаже дека била во право кога ја вооружувала земјата“.

Иако изјави и дека е отворен за соработка, Александар Лукашенко директно ги обвини Американците дека ја користат Полска за да ги разгорат тензиите во регионот.

Полска неодамна предупреди на заканата од провокации од Белорусија и потенцијалната опасност од доаѓањето на руската платеничка група Вагнер во таа земја.

Варшава, исто така, ги обвинува Минск и Москва дека организираат нов прилив на мигранти во Европската унија за да го дестабилизираат регионот.

Би можело да ве интересира

Русија освои неколку населби во регионот на Харков

Предраг Петровиќ

Русија нападна 30 места во областа Харков, во тек масовна евакуација

Генералштаб на Украина: Русија се обидува да изврши офанзива врз регионот Харков

Предраг Петровиќ

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ