Пронајдена исчезнатата Македонка во Грција – се качила во погрешен автобус

Од:

Пронајдена е македонската државјанка за која семеjството бараше помoш на социјалните мрежи да се пронајде.

68-годишната Милица на 09.08.2023 год. тргнала накај Македонија, со автобус требало да патува од Агростоље до Василики во Лефкада, од каде требало да продолжи со брод, но никогаш не стасала, што ги загрижило нејзините блиски.

„Jас требаше да ја чекам во Македонија, но ја немаше“ – изјави нејзината братучетка.

Таа не пристигнала кога требало, но не пристигнала ниту со следниот автобус, кој бил во 15 часот и 15 минути, па роднината ги алармирала сите да ја најдат што поскоро.

Социјалните мрежи повторно помогнаа во пронаоѓањето.

Нејзините роднини за А1он изјавија дека добиле информација од Mакедонци дека жената се наоѓа во автобус и патува од Солун за Македонија и дека е добро.

Пред малку успеале да стапат во контакт со лица кои им испратиле фотографија од жената во автобус, ја прашале како се вика и од каде е, по што било утврдено дека се работи за истото лице Милица Гелова (69).

„ Се качила изгледа во погрешен автобус. Чекаме да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот и да се слушнеме“ изјави за А1он роднина.

Последната информација кое семејството ја добило од македонската полиција е дека жената штотуку влегла во Македонија на граничниот премин и брзо ќе контактира со семејството.

Би можело да ве интересира

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ